ВИЦЕШАМПИОНИ

Џудо

Сумирани се резултатите во џудо спортот во годинава која привршува и веќе се знае конечниот пласман. Меѓу 19 регистрирани клубови од државава, ЏК Сеишин е на високото второ место според освоените бодови на првенствата во сите категории. Прилепскиот клуб е веднаш зад шампионот Миоки од Скопје. За овој пласман придонесе последното Државно сениорско екипно првенство во Скопје, каде во машка конкуренција е освоено второто место, повторно зад првопласираното Миоки. До успехот стигнаа Васко Пупуноски, Александар Апостолоски, Мартин Јаковлески, Христијан Ѓураков, Владимир Талески и Менде Илиоски, предводени од тренерот Дејан Мицкоски.

ЏК Сеишин најавува атак кон шампионската титула во 2015 година.

Loading