Турнир “Свети Никола”
Турнирот во мал фудбал влегува во завршницата од првата фаза, каде е борбата за првите две позиции во секоја од осумте групи. Во првата група предност имаа Мите транс и Ла страда, во втората Ескалибур и Портал Битола. Во третата се издвоија Кабелнет и Стара фурна, а четвртата е најизедначена на чело со Минерална вода Суна. Петтата ја предводат СТП Автоконтрол и Мистер АЈ, шестата Фешн линк и Спорт лајф. За врвот во седмата се борат Преспа Ресен и Руна Мак, а во осмата се Ресторан Рустика, Викторија тобако и Напредок Крушеани. Осминафиналето и нокаут мечевите се од среда.