УЧЕНИЦИ ВО „ЅУНИЦА”

СОУ “Ѓорче Петров”

Ученици од СОУ “Ѓорче Петров” со менторот Билјана Тинтоска, на иницијатива на Младинската организација имаа средба со членовите на Центарот за деца со посебни потреби “Ѕуница” пред новогодишните и божикните празници. Тие подарија играчки, собрани од хуманитарна акција, а драмската секција го изведе скечот “Примерни ученици”. Соработката со “Ѕуница” преминува во традиција, оти се негува неколку години.

Loading