БИДИ ЗЕЛЕН КЛУБ

Првпат се формира “Биди зелен”, клуб организиран од средношколците – тим лидерите од еко проектот за батериите, Ѓорѓи Сиракоски, Христина Јошеска, Роберта Ацеска, Симона Наумоска и Верица Попоска. Клубот брои околу 30 члена и бара “зелени” истомисленици за борба за чиста животна средина.

Утре во ОУ “Блаже Конески” тим-лидерите со членовите Верица Конеска, Славчо Каранфилоски и Симона Михајлоска ќе го имаат првиот семинар за едуцирање на основците. Потоа, на плоштад, ќе се презентира “фриз моб”, со беџови и маички.  

Loading