ГОДИНИТЕ НЕ СЕ ВАЖНИ ЗА ТАНЦУВАЊЕ

Танцова двојка од ОУ “Гоце Делчев” и ОУ “Блаже Конески”

talenirana tancova dvojka - Veselin i MeriНа натпреварот во стандардни и латино-американски танци во гимназијата, танцовата двојка Веселин Трајкоски и Мери Шукуроска од  ОУ “Гоце Делчев” и “Блаже Конески” го освои првото место во категорија млади младинци “Ц”. Со танци во латино – самба и ча-ча-ча, а во стандард – англиски валцер, квик-степс, слоу-фокс и танго, уште еднаш демонстрираа извонредни танчерски мајстории, кои пет години ги надградуваат во клубот Темпо.

Првото место не ги изненадило.

– Ме исполнуваат модерните танци кои се играат со емоции, со копнежи за танцување, со енергија и насмевка – вели Трајкоски, од 6 одделение во ОУ “Гоце Делчев”.

– Прекрасно е чувството. Партнерот е помал две години, но се снајдуваме. Годините не се важни, туку страста за игра – вели Шукуроска, ученичка од 9 одделение во ОУ “Блаже Конески”.

Loading