ГИМНАЗИЈАЛКА ВО БРИСЕЛ

Prilepski eko poraki od Brisel - Roberta AceskaРоберта Ацеска од Гимназијата, меѓу 60 амбасадори од светов на возраст од 16 до 32 години, беше единствен амбасадор – екологист од Македонија на програмата на ОН за животна средина во Брисел. Оттаму се испратија пораки за борбата против климатските промени.

– Последните преговори ќе бидат в година во Париз и ние, амбасадорите – екологисти, придонесуваме со праќање пораки и молби до Европскиот суд за заштита на животната средина. Да го привлечеме вниманието, тимски работевме пораки во вид на креативни флаери и клип чартови. Стекнав сознанија што не знаев дека постојат – пренесува Ацеска.

Таа организира еко настани и проекти и споделува еко пораки низ училиштата.

Ацеска беше претставник од НВО “Жетва на знаење”. Член е и на еко-организацијата “Гоу грин- гоу клин”. Заедно со тимот формира клуб “Биди зелен” за заштита на животната средина.  

Loading