ЗА ВЛАКНО ИМ ИЗБЕГА ПРВОТО МЕСТО

ОУ “Климент Охридски”

Od mali saglam pozarnikari - OU 'Kliment Ohridski'Тимот од ОУ “Климент Охридски” – Искра Белческа, Марија Андоноска, Искра Чупетреска и Јоана Велеска, под менторство на Наташа Милеска Михајлоска, во категорија кадети на државниот противпожарен натпревар го освои второто место. Прво место грабнаа и на општинскиот и на регионалниот, а во тесната борба на државниот ПП квиз, за влакно им избега првото место.

– Времето за подготвување ни беше кратко. Лани бевме трети на регионалниот и не успеавме до државен, па годинава се надевавме дека ќе бидеме подобри и стигнавме еве до второ место. Како последна година основци, сметаме дека ова ќе ни послужи за во средно – рече ученичката Искра Белческа. 

Loading