ЗОМИМАК ПАЃА ПРЕД 2500 ГЛЕДАЧИ

Ракомет: Суперлигашко дерби во “Арена Сонце”

Оптимист сум, имаме свои шанси – вели Бозароски

Prilepcanec na strumickiot gol - Blagojce TrajkoskiГрадов го зафаќа ракометна треска и в сабота (19 ч.) ќе биде преполна со максимални 2500 гледачи Спортската арена “Сонце” затоа што има голема причина – суперлигашкото дерби Прилеп – Зомимак Струмица. Пресметката е меѓу прво и второпласираниот тим. Струмичани купија многу засилувања, меѓу нив голманот прилепчанец Благојче Трајкоски, бекот Србин Игор Милосављевиќ, крилото Грузиец Реваз Чантурија. Екипата не знае за пораз години наназад и редно е да го положи оружјето сега.

– Горди сме што има голем интерес од публиката, но мечот го сфаќаме мирно и без еуфорија се подготвивме како обично. Влеговме во серија победи, тука не застануваме. Нема што да загубиме, со борбена игра за секоја топка можеме само да добиеме – вели Ице Соколоски, помошникот на Боро Чурлевски.

Дерби кое се чека повеќе од десетина години. Последен пат слично беше 2002 г., кога гостуваше белградски Партизан. Сите почести и сега за гостите, кои според сите показатели се фаворити, но само до почетокот. Натаму има простор за изненадување, зошто одлучуваат многу фактори како инспирацијата, играта на поединци… Прилеп се покажува како тим со цврста одбрана и разновиден, ефикасен напад. Гледачите ќе можат да видат до крај неизвесен дуел. Тоа е најбитното, а доколку има и домашна победа тоа ќе предизвика невидена радост.

Zakana za strumickiot gol - Aleksandar Bozaroski– Знаеме кој е Зомимак, клуб со огромен буџет. Меѓутоа имаат и слаби точки, затоа не се предаваме. Имаме свои шанси, оптимист сум. Нашата предност е домашниот терен. Ветуваме голема борба до последната секунда – порачува бекот Александар Бозароски.

Прилеп: Божиновски, Михајлоски, Тодороски, Митревски, Ѓорѓиески, Петкоски, Цветкоски, Мојсоски, Спасески, Трајкоски, Бозароски, Велески, Стефаноски, Ангеловски, Талевски, Јанески.

Зомимак: Трајкоски, Танев, Ал. Тасов, Атанасов, Павловски, Младеновски, Пецаковски, Наков, Милосављевиќ, Мастев, Босеовски, Стојаноски, Василев, Чантурија, Везенковски, Ан. Тасов.

Одмор за Ж. Прилеп

Женскиот суперлигаш Жито Прилеп ја заврши полусезоната. Последното гостување доживеа пораз со 44-23 кај Металург. Билансот е една победа и девет порази. Со освоени три бода е последен, шести на табелата. Следи пауза, а во вториот дел од првенството е гостувањето кај Вардар СЦБТ.  

Loading