ПАРЦЕЛИ ЗА ТРГОВСКИ ЦЕНТАР, КУЌИ И ЗГРАДА НА ПРОДАЖБА

Пак се продава плацот за трговски центар од 1617 м2 во центарот на местото на поранешниот млечен пазар. Пријавувањето е до 5 јануари, а  електронската аукција ќе се одвива на 14 јануари. Почетната цена е 2300 денари од м2, а се наддава минимум 230 денари. Може да се лицитира со уплатен депозит од 30 отсто од почетната цена.

На  парцелата е предвиден објект со приземје и два ката или околу 3230 м2. Парцелата се продава по раскинувањето на договорот со предходниот купувач, кој за 9 месеци не успеа да изработи основен проект и да добие одобрение за градење.

Локалните власти продаваат плац за градба на објект за колективно домување по пат на електронско јавно наддавање. Станува збор за локација од 822 м2 на местото на стариот суд за прекршоци. Површината за градба е 540 м2. Почетната цена е 1440 денари од м2. Секое наредно наддавање изнесува 144 денари. Пријавите се поднесуваат електронски до 5 јануари, а наддавањето ќе се одржи на 12 јануари идната година.

Локалната самоуправа објави продажба на три градежни парцели од по 450 квадрати за куќи во населбата Градина. Пријавување е до 25 декември, а јавното наддавање ќе биде на 29 декември. Еден метар квадратен има стартна цена од 61 денар, а чекорот за лицитирање е 10 денари.

За наддавањето е потребна уплата на депозит од 30 отсто од  почетната цена.

Досега во оваа нова населба се продадени петнаесетина парцели, од кои за неколку веќе има и одобрение за градење.

Општината е обврзана населбата да ја уреди инфраструктурно, со водовод, канализација, осветлување и асфалтирање на улиците заедно со тротоарите. Се очекува распишување на тендерот и отпочнување на градежните активности напролет.

Loading