ГОРДИ ШТО ГО НОСАТ ИМЕТО НА КОНЕСКИ

Патрон празник во ОУ “Блаже Конески”

– Патрониот празник секогаш го најавува денот на заштитникот на градот Св. Никола и Новата година

1 - Krevanje leb i osvetuvanje na ucilistetoДостојно како и секоја година, ОУ “Блаже Конески” го одбележа патрониот празник. Одбележувањето се отвори со полагање на свежо цвеќе пред бистата на академик Блаже Конески во центарот и пред бистата во училишниот хол. Во христијански дух  се изврши кревање на леб, осветување на училиштето и имаше посна закуска од специјалитети традиционално подготвени од вработените. Шестата прослава со црковни адети се одржува, оти патрониот празник се совпаѓа со празнувањето на заштитникот на градот Св. Никола.

Јазикот – тоа сме ние

2 - Vo spomen kukata na  Koneski vo  NebregovoВо соработка со Заводот и Музеј беше посетена и спомен куќата на Блаже Конески во селото Небрегово, каде се одржа и литературно читање во кое учествуваа ученици од сите основни училишта. Се акцентира важноста од користењето на македонскиот јазик како главно обележје на еден народ, затоа што “јазикот – тоа сме ние”.  Наместо довидување, учениците, наставниците и директорката се потпишаа во книгата во спомен куќата, оставајќи пораки кои ќе сведочат за сеќавање на академикот.

Свечена академија в театар

3 - Raskosna programa na taleniranite decaВо чест на патронот и на Св. Никола, а во пресрет на Новата Година, се организира свечената академија со пригодна програма во театарот “Војдан Чернодрински”. Децта имаа хорска изведба на химната и се прожектира краток информативно – документарен филм за постигнувањата на училиштето. Песните од Блаже Конески се непресушен извор, а неговите стихови низ рецитал ги пренесоа учениците. Невообичаен беше рециталот на четвртоодделенците за тоа како го доживуваат делото и животот на Конески. Програмата ја збогатија надарените деца за музика со свои изведби и со придржба на хорот и оркестарот.  Дека учениците умеат да пеат, свират и играат покажаа и со настапот на нивниот бенд и со точката на модерниот балет. Секцијата по германски јазик ја импресионира публиката со нестандардната точка. А второодделенците презентираа идни занаети. Во пресрет на празниците, учениците подготвија и “Новогодишен рецитал”, потпирајќи се на житијата и приказните дека Св. Никола, заштитникот на градот е нивниот “Дедо Мраз”, оти несебично дарувал.

4 - Dodeluvanje na plakati i blagodarnici - Dulevska i RisteskiНајзаслужните луѓе од градот кои го помагале училиштето добија плакети и благодарници. Поддршката е добредојдена.
Училиштето е бескрајно благодарно и негува надеж дека нивните дарителски и хумани гестови ќе поттикнат и други добри луѓе да ги следат нивните чекори и да помогнат за реализација на некои проекти за подобрување на амбиентот на училиштето.

На одбележувањето на патрониот празник со свое присуство ги почести и градоначалникот Марјан Ристески, кој ги најави идните инвестиции – промена на столаријата, партерно уредување на дворот на училиштето во Варош.

Училиштето со несмален интензитет имплементира разни проекти од инфраструктурен, организациски и воспитно-образовен аспект. 

Loading