СОБРАНИЕ ПРЕД 1000 НАВИВАЧИ

Историја

Сега се смета за пристојна бројка од илјада присутни на меч, а некогаш толкав број навивачи присуствувале на најважните состаноци од ФК Победа. Летото 1959 година, по првото влегување во Втора лига, се одржало годишното клупско собрание пред 1000 граѓани. Настанот бил во Тутунскиот комбинат, поради тоа што клубот немал никакви простории. Овој проблем бил истакнат како приоритетен, во пакет со градење трибини и потревнувањето на теренот. Делегатите информирале за масовен интерес од другите градови за зачленување на нови симпатизери во клубот.

Собранието за претседател повторно го избрал Гога Мрмески.

Loading