Фудбал
Претстои вообичаената зимска пауза за фудбалерите на Победа, но во овој период активноста не запира кај стручниот штаб и управата. Најавени се нови играчи, освежувања за екипата која го освои првото место на есенската табела од Третата лига – Југ. Се знае само дека има контакти и преговори, а за имињата ќе се почека. Извесно е дека ќе се зголеми конкуренцијата во сите линии. Посилен тим е потребен не само за пролетниот дел, туку и за бараж мечот кој води до Втората лига.
Следниот собир е на 20 јануари за состанок и воведни тренинзи, а вистинскиот почеток на подготовките е на 28 јануари.