ПРЕСУДЕН ФИНИШ

Кошарка

Екипата на Марфил спорт постигна втора третолигашка победа есенва, дома со 67-59 над скопски Феникс. Гостите беа подобри во првите две четвртини со 17-22 и 14-16, а домашните возвратија со 15-11, особено во финишот, во последната четвртина со 21-10. Прилепскиот тим го задржа шестото место, а скопјаните се заковаа на дното.

Табела: Вардар и Академија ФМП по 11, Ангели 10, Пантери 9, Пробаскет и Марфил спорт по 8, Феникс 6. Првенството продолжува на 28 февруари.

Кадетите на М. Спорт дома загубија со 53-70 од Јуниор Битола.

Loading