ТРЕТИ НА МЛАДИНСКО

Пинг – понг

Младите надежни пингпонгари на Младост 96 по одбранетата пионерска титула, освоија одлично трето место на Младинското државно првенство во Штип. Забележани се победи над Радовиш со 3-2, Виница со 3-0, а во полуфиналето пораз од скопски Ѓ. Петров со 3-1. Во борбата за трето место повторно добиен е Радовиш со 3-2. Пласман: Г. Делчев Штип, Ѓ. Петров Скопје, Младост 96 Прилеп.

За “бронзата” се изборија: Александар Рикалоски, Бојан Илиески, Христијан Иваноски и Дамјан Стојчев.

Loading