ТРИУМФ ЗА 2. 000 ГЛЕДАЧИ

Ракомет

Голема победа на Прилеп над Металург 2 со 24-27 во Скопје. Без дилеми најзначаен резултат есенва во суперлигашкото првенство. Постигната е со подобра игра во целиот тек на мечот. Домашните промашија пет седмерци, немоќни пред голманот Божиновски, а во гостинскиот напад најефикасни беа Ангеловски со осум, Мојсоски со шест, Петкоски со четири гола. На табелата, Прилеп се искачи на второ место со бод предност пред Металург 2, тим кој има меч помалку.     Табела: Зомимак 33 (-1), Прилеп 25, Металург 24 (-1), Радовиш, Пролет и Пелистер (-1) по 18. Следното коло е гостувањето кај Преспа во Ресен. Се очекува сигурна победа, а потоа да се вжешти атмосферата спроти гостувањето на лидерот Зомимак во Прилеп на 20 декември. Има желба кај навивачите да се игра во салата “Сонце” со рекордни 2000 гледачи.

Женскиот тим на Жито Прилеп викендов ја завршува есенската полуетапа со гостувањето кај Металург во Скопје.

Loading