МАКСИМАЛНИ ПЕТ ОД ПЕТ

Борење

Скромни очекувања – одличен резултат, тоа може да се констатира за претставувањето на членовите од БК 7 Мај Леов на меѓународниот турнир “Белградски победник”. Сите пет борачи освоија медали во силна конкуренција на учесници од Србија, Хрватска, Босна, Македонија, Романија, Унгарија, Австрија и Словачка. Првите места ги освоија: кај децата Марјан Мимичкоски, кај кадетите Леонардо Насески и Теодор Темелкоски. Во друга тежинска категорија одлично се бореше Христијан Пенков, второпласиран по пораз од носител на медал од Медитерански игри. Несреќно, наместо прв стана трет Борче Богатиноски, кој совлада Србин и по водство со 6-0 загуби од Хрват. Тренерите забележаа слабости во деконцентрација и ќе работат на корекции.

Тренинзите се до 25 декември, после е паузата до 15 јануари. 

Loading