МЕЃУНАРОДНА НАГРАДА ЗА ТОДОРОСКИ

Моделарство

Prestizna nagrada - Zdravko TodoroskiСветската воздухопловна федерација (ФАИ) на Генералната конференција во Тајланд одлучи за доделување на престижно признание – диплома “Пол Тисандер” на 30 спортски работници и стручњаци од целиот свет, меѓу нив и за Здравко Тодороски. Во образложението е наведено дека тој е истакнат спортист, тренер, селектор, судија… Воздухопловството му станало дел од животот од 15 години. Наваму, низ професионален ангажман, е активен учесник во сите настани во Прилеп и Воздухопловната федерација на Македонија. Се докажувал преку напорна работа, истрајност и огромна љубов кон сите воздухопловни дисциплини. Бргу станал пилот, а потоа ги пренесувал знаењата на младите. Паралелно е успешен организатор на домашни и меѓународни натпреварувања, меѓу кои најголеми се двата светски купа. Значајно е добивањето на Светското јуниорско првенство во моделарство 2016.

Loading