НАГРАДЕНИ НАЈДОБРИТЕ

На натпреварите во Библиотека

За месецот на книгата библиотеката избра на најдобра лична творба, расказ, млад библиотекар, најдобри читатели во детскиот оддел и за возрасни на традиционалните натпревари.

Од прво до петто одделение најдобри песни имаа првата Лариса Кајџаноска ОУ “Климент Охридски”, па Иван Цапески од ОУ “Блаже Конески”, а третото место го поделија Цвете Котеска од ОУ “Круме Волнароски” и Никола Бозоски од ОУ “Јонче Смугрески”. Од петто до деветто одделение прва беше Теона Ацеска од ОУ “Блаже Конески”, следеа Елена Гулеска од ОУ “Климент Охридски” и Хари Павлов од ОУ “Гоце Делчев” и Анета Здравкоска од ОУ “Климент Охридски”. Кај авторите на раскази најсупешни се Елена Мискоска од ОУ “Јонче Смугрески”, па Тамара Мирческа од ОУ “Добре Јованоски”, Јована Стојческа од ОУ “Климент Охридски” и Христина Стомнароска од ОУ “Јонче Смугрески”.

Најдобри средношколци со лични творби се Светлана Порјазоска од “…Ричко”, Тања Димеска од “К.Ј – Питу” и Симона Паскоска од “Мирче Ацев”. Раскажувачи се Ивана Илиеска од “К.Ј. – Питу”, Сара Стеваноска од “Орде Чопела”, Теодора и Филип Филипоски од “Мирче Ацев”.

Најдобри библиотекари се прогласени Николче Мојсоски од Кривогаштани и Елена Ангелеска од ОУ “Гоце Делчев”, а  наградата за најредовен читател во детскиот оддел отиде во рацете на Наталија Трајческа  од ОУ “Рампо Левката”.

Loading