ИНФО ЗА ЗАШТИТА ОД СИДА

СОУ “Орде Чопела”

Во соработка со Центарот за јавно здравје, во СОУ “Орде Чопела” се одржа предавање за учениците од трета и четврта година по повод Светската недела за борба против сидата. Учениците се запознаа со ризиците и превенцијата од сидата, бидејќи ХИВ-вирусот ги напаѓа неинформираните.

На наставниците и учениците им беа поделени црвени панделки кои се симболот за борба против сидата и флаери со новите сознанија кои ќе се преточат во навики. 

Loading