Кума Лиса и волчо Сивчо

На патека тесна, под зелена леска,

се сретнаа кума Лиса и волчо Сивчо.

Разговор почнаа, за загари  ловци,

кокошки петли, овчари и овци.

 

Ноќеска, брате волчо, слегов долу в село,

за да земам петле бело.

Не допушти Шаро да влезам в село,

останав гладна, со незавршено дело.

 

На брзина, назад се вратив,

кожата моја си ја спасив.

Сестро Лиске, и јас влегов в село,

до трлото на чичко Перо.

 

Ме пречека една кучешка орда,

ме соборија тие в корда.

Со нивните заби остри,

ме сомлеја со се коски.

 

Немоќен бев за да бегам,

од болештини сега заби стегам,

вода сакам да се напијам,

во мир да си заспијам.

 

В планина, лиске, да си седев,

со овошје ќе се хранев,

убави сонови ќе си гледав

јагниња и овци кога крадев.

 

Томе Велјановски – Марулецо

Гетеборг, Шведска

Loading