ПАНДЕЛКИ ЗА НАСТАВНИЦИТЕ

ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”

I najmladite kampanja  protiv SIDA-taВо ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” преку отворена работилница за предметот унапредување на здравјето беше одбележан Денот на борба против ХИВ/СИДА. Учениците од седмите и деветтите одделенија изработија црвени ленти, кои се симбол за солидарноста кон лицата кои што ја носат сидата. Со амблемите се солидаризираа во борбата против оваа болест и оддавајќи им почит на лицата кои и подлегнале или кои се борат за својот живот. Учениците покажаа готовност да се едуцираат за начините на пренесување на хив вирусот, но и солидарност во борбата против оваа неизлечлива болест. Лентите  ги поделија на сите наставници, поддржувајќи ја ангажираноста на кампањата. Акцијата ја проширија и надвор од училиштето. Во блиската околина, црвени ленти им делеа на случајните минувачи и по дуќани, објаснувајќи им ја симболиката во борбата против хив и сида-та.   

Loading