БЕЛГРАДСКИ ПОБЕДНИК

Борење

Викендов е значаен меѓународен настап на борачите од БК 7 Мај Леов на турнирот “Белградски победник” во српската метропола. Тренерската тројка Сашо Игнатовски – Рубин Талески – Илчо Марковски поведоа мала, одбрана група од пет млади борачи: пионерот Марјан Мимичкоски, кадетите Леонардо Насески, Теодор Темелкоски, Христијан Пенков и младинецот Борче Богатиноски. Се очекува барем еден медал, најмногу од Темелкоски, кој лани загуби во финале. Најавено е учество на борачи од десетина држави.

Претходно, на турнир во Кочани трети места освоија Филип Бошкоски и Марјан Мимичкоски. 

Loading