ФУДБАЛ, ПА СЕ ОСТАНАТО

Дејан Синадиноски

Trenerot Sinadinoski so decata od DeksНеколку месеци функционира Декс, клуб за спорт и рекреација на професорот по физичко Дејан Синадиноски. Над 20 деца, меѓу осум и 13 години, ги внесува во тајните на фудбалот, наследен од татко му Добре и чичко му Пеце. Овој спорт е “под кожа” и цел живот преокупација за поранешниот играч на Победа и Македонија ЃП.

– Прва љубов. Прво фудбал, па сé останато. Да ме разбудат за фудбал, прифаќам, а за друго – не. Од шест години сум со “бубамарата”, стара топка која и сега ја користам. Задоволство е да се работи со деца, вредни и дисциплинирани. Обезбедив превоз, терен и сала. Милина е, Ромчиња и Македончиња се почитуваат и дружат. Спроведувам свој метод низ доза на смеа – вели Синадиноски.

Декс одигра две пријателски, со Перако и Маркови кули

Loading