“WO-MAN” – изложба на Христина Зафировска

Interesna izlozba na Hristina ZafirovskaКритика на сé повулгарната експлоатација на жената во маркетинг индустријата е темата на изложбата на академската уметница Христина Зафировска, наречена “WO-MAN”, која ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”.

– Револтот произлегува од медиумските претстави за предвидената квазифункција на жената во општеството кои вршат еден вид секојдневна инфотортура и свесно наметнуваат норми за изглед и однесување. Наспроти сите декларативно добиени законски права за изедначување на жените и мажите, се случува манипулативно изместување на претставите за цивилизациските достигнувања, вредности, карактеристики што се позитивен пример на половата, родовата еднаквост и, за жал, во современите рекламни кампањи речиси без исклучок, функцијата на жената се дефинира како синоним за репродукција и сексуалност – вели кураторката на проектот Маја Чанкуловска – Михајловска.

Авторката е дипломец на ФЛУ во Скопје и сега магистрант на Факултетот за дизајн и мултимедија во Скопје – насока графички дизајн. Работи во полето на сликарството, графичкиот дизајн, инсталацијата, цртежот, фотографијата и видеото. 

Loading