ТРИ ИНФРАСТРУКТУРНИ ЗАФАТИ

ОУ “Блаже Конески”

Во ОУ “Блаже Конески” се санираа тоалетите со 1,5 милиони денари од локалната самоуправа. За 328 илјади денари пак се уредува предната страна на влезот од дворот.

На иницијатива на фудбалерот Тони Наумоски се подготвува теренот за балон – фискултурна сала не само за учениците, туку и за спортистите, ентузијастите… Градоначалникот Марјан Ристески најави и градба на фискултурна сала во склоп на училиштето.

Со проект за прекугранична соработка се очекува да се инсталираат соларни колектори за топла вода за да се подобрат хигиенските услови во санитарните јазли.

Локалните власти најавија за в година целосна смена на  старата столарија со вложување од пет милиони денари. Со тоа ќе се подобри енергетската ефикасност, ќе се заштеди енергија и ќе се постигне звучна изолација. Партерно ќе се уредува дворот и на училиштето во населбата Варош.

Loading