МЕГДАН НА ГИМНАЗИСКИ ОРАТОРИ

Vesti govornici se gimnazijalciteМладинската заедница на Гимназијата прв пат организира ораторска вечер во градската библиотека. На тема “Образована и мотивирана младина, иднина и движечка сила на општеството” говореа деветмина ученици. Со самостојно подготвените говори, упатувајќи и пофалби и критики до учениците и професорите, ораторите ги поттикнаа младите да ја определат насоката на својата иднина. Професорското жири за победник се определи за Филип Ѓорѓиески. Второто место го додели на Елена Атанасоска, а третото на Ангела Митреска.

– Ораторството е вештина која се учи. Се трудиме учениците  да ја совладуваат оваа вештина. Натпреварот ќе прерасне во традиција со вклучување на сите училишта – вели професорката Емона Јованоска.

Loading