РОДИТЕЛСКА ВО НАСТАВНИЧКАТА КАНЦЕЛАРИЈА

ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”  

Во ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” првпат се реализираат отворени родителски средби. Се стави крај на монотоните класични родителски средби, на кои класните раководители информираа за напредокот и постигнувањата на учениците.  Родителите разговараа со класните и со останатите наставници во наставничката канцеларија. Секој  наставник одговараше конкретно кај родителите.          

– Резултатите се зачудувачки. Родителите беа презадоволни од системот од достапноста, комуникацијата и соработката на наставниците – вели директорот Никола Кузески. 

Loading