Учениците од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” и СОУ “Ѓорче Петров”, на иницијатива на МОН, во проектот “Вешти и компетентни”, следеа предавања од гости од бизнис секторот. На втората дискусија, на економистите им ги пренесоа искуствата Цвете Тренкоска од финансовиот и Ѓоко Јочкоски од техничкиот сектор на ЈП “Водовод и канализација”. Тие ја презентираа темата за “Грантовите – средства за подобрување на тековното и идно менаџирање со водни ресурси”. На учениците им се доловија новините, законските регулативи, тековното работење, добивањето на грант од КФВ Банката и телеметриското читање преку СКАДА системот на проток на вода. Идните медицинари, преку интерактивната дискусија за “Предизвикот на бизнисот”, имаа средба со Ирена Јакимоска, управител на “Комфи Ангел”.
Со предавањата учениците се запознаа со добрите практики и вистински искуства на вештите и компетентни луѓе во бизнисот, па да се охрабрат за стапување на пазарот на трудот, како идни успешни бизнисмени. Сите дојдоа до заклучок дека иднината им е Македонија, оти своето е свое и надежно за бизнис. Некои се помајтапија дека најубаво е да се смееш и да се караш на мајчиниот јазик.