ДРАМА И ОРО КАЈ СТАРИТЕ

СОУ “Орде Чопела”

Razigrani i mladi i stariУчениците од СОУ “Орде Чопела”, по повод Неделата на стари лица, на штитениците од Домот за стари и изнемоштени лица им приредија претстава за разубавување на животот. Искусија поинакво чувство со изведбата на драмата “Сите сме едно” од проектот за Меѓуетничка интеграција. Погледи кои не би ги сретнале, очи со исчекување, насмевки кои ги уловија од постарите лица, па и едните и другите си ги наполнија срцата.

–  Ги развеселивме бабите и дедовците, оти неможат да одат во кино или театар – вели ученикот Кристијан Кочоски.

– Во Домот се сретнавме со поинаков живот од оној што е надвор, во секојдневието. Со насмеанити лица, и ние и тие си ги наполнивме душите – вели ученичката Сара Трајковска.

Громогласниот аплауз ја докажа успешноста.

Дружбата со старите лица неочекувано продолжи со оро во кое се фатија и станарите на домот, персоналот, учениците и професорите.

Loading