ПРВ ФИЛТЕР

Карате

Државното првенство за кадети и јуниори беше прв филтер за одредување на репрезентативците за Балканското за јуниори во Софија, во декември и на Европското за кадети и јуниори во Цирих, во февруари. Одлично поминаа прилепските претставници. Од КК Ронин освоија 15 медали: четири златни, две сребрени, девет бронзени. Златни се за: Маријана Димоска во ката јуниорки, Марија Матракоска во ката за жени до 21 година и борби до 55 килограми, ката тимот јуниорки Маријана и Мишела Димоска со Искра Каракашоска.

Со освоени четири медала, од кои два златни во ката поединечно и екипно, две бронзени во борби поединечно и екипно, најуспешен натпреварувач на првенството е Маријана Димоска.

Loading