ПОДВИГ

Кошарка

Малку кој од гледачите се надеваше, но доволно е што играчи на Марфил спорт ја имаа вербата и пријатно изненадија со победата над фаворитот Ангели од Скопје со 70-68 (12-12, 20-13, 15-22, 23-21). До првиот есенски триумф тимот на Сашо Костоски стигна со подобра игра во втората и четвртата четвртина. Настапија: Карабелески 20, Трајкоски 15, Николоски 9, М. Јованоски 8, Велески 5, Костоски 4, Г. Јованоски 4, Петрески 2, Савиноски 2, Ангелески 1, Дренкоски и Мурџески. Малку чудно, Ангели беа втори, а со поразот освоија бод и сега се први, поради апстиненцијата во ова коло на Пантери. Викендов М. Спорт гостува на вториот Вардар.

Успех и на кадетите, М. Спорт со 58-51 го совлада Пелистер.

Loading