ШЕКИ

Историја

Легендарниот Драгослав Шекуларац – Шеки најмногу прославен во белградска Црвена звезда, двапати гостуваше во Прилеп, како член на Њујорк иглс и во дресот на Победа. За прилепскиот тим настапи на пријателскиот, меѓународен меч против славната бразилска екипа Јувентус од Сао Паоло, на 20 јуни 1972 година. Гостите беа подобри, победија со 1-3 (0-1), но на теренот не можеа да прифатат некој да биде поголем Бразилец од нив. Токму тоа беше Шеки. Им ја протнуваше топката меѓу нозе, ги дриблаше на сите можни начини, што многу ги налути “кариоките”, така што направија серија фаули.

Дури ѕвездата Алберто Брида толку се изнервира што со глава го нокаутираше Шекуларац.

Loading