ДЕТСКА МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА ДОНИРА СТОПАНСКА БАНКА

Podarok i za dteskiot oddle vo zdravstveniot dom vo Prilep od Stopanska bankaИ Прилеп доби медицинска опрема, подарок од Стопанска банка од Скопје како дел од донацијата наменета за детските одделенија при здравствените установи низ државава. Покрај ехо апаратот за Детската клиника во Скопје, донацијата за останатите градови – Прилеп, Струга, Струмица и Куманово, претставува дополнителна поволност во лекувањето на децата.

Големата хуманитарна акција “Подари насмевка”, која Банката ја организираше во период од јуни до октомври, е по повод големиот  јубилеј – 70 години постоење на Стопанска банка од Скопје, како општествено – одговорна компанија.

Донираната неопходна опрема ќе биде искористена за детскиот оддел во здравствениот дом, чие реновирање е при крај, а ќе овозможи подобра и навремена контрола и совет на доенчињата и децата од предучилишна возраст.

Loading