ОД ОБЕЗБЕДУВАЧ ДО УПРАВИТЕЛ

So profesionalnost i cesnost se stignuva do vrvot - Zlatko Mitkoski, upravitel na M&KНов управител на Агенцијата за обезбедување лица, имоти и истраги, “М&К агенс” е Златко Миткоски. Со 18 годишното искуство во обезбедувањето го красат безусловна посветеност и професионалност во сите 11 години откако постои и Агенцијата. “Растел” со искуството  заедно со компанијата. Напредувал од шеф до директор.

Некогашниот полицаец, првин бил приватен обезбедувач, а потоа стигнал до патролна дејност. До неодамна раководел околу 80 обезбедувачи на агенцијата. Безрезервно, одговорно, со дисциплина ги извршувал задачите, било како обезбедувач, било како шеф. Никогаш не одбил наредба или некоја задача, во ниту еден момент не бирал на кој објект да биде поставен, никогаш не се пожалил, ова ми е тешко. Професионалниот пристап го унапреди на врвот на задолженијата во Агенцијата. Покрај оперативната работа, во свои раце го презема и менаџирањето.  

– Кога се вратив од војска, пристапив кон полицијата. Униформиран полицаец бев 7-8 години. Драстична е разликата во ангажманот како полицаец и приватното лице за обезбедување. Имаме исти ингеренции како полицијата, опремени со оружје, средства за присилба и лисици, можеме да откриваме кривични дела и сторителите да ги задржиме на лице местото, сé до пристигнувањето на полицијата. Но, немаме право за спроведување на сторителите до полицијата, па тука престануваат нашите обврски. Професијата е макотрпна, бара вложување, беспрекорна дисциплина, одговорност, оти човечкиот живот и имот се на прво место. Колку што е битно здравјето на човекот, толку е и битна безбедноста. А коминтентот, со склучување договор, го доверува животот и имотот. Бара соодветна извршена услуга, за која плаќа надомест – вели Миткоски, новиот управител на Агенцијата за обезбедување “М&К”.

Заклучува дека и бизнисот во оваа специфична бранша бара професионален приод и чесност, ако човек претендира да стигне на повисока позиција.

Loading