КОМФИ АНГЕЛ И ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА – НАЦИОНАЛНИ ШАМПИОНИ

KOMFI ANGEL I PRILEPSKA PIVARNICA KE SE NATPEVARUVAAT SO EVROPSKI FIRMIМеѓу десетте македонски компании кои ќе се натпреваруваат за Европските бизнис награди се и две прилепски фирми Комфи Ангел и Прилепска пиварница. Заедно со СЕЕД Македонија, Кодвел Анлимитед, Дајнерс клуб Македонија, Дуна компјутери, Ај-воут, Макстил, Порше Македонија и ПЗУ Ремедика се прогласени за национални шампиони и претставници на Македонија на Европските бизнис награди. Во следната фаза ќе се тркаат во нивната категорија со компании од цела Европа. Гласањето ќе почне од 6 јануари 2015 година, кога ќе бидат достапни видеата на интернет страницата на Европските бизнис награди.

Националните шампиони од Македонија за Европските бизнис награди се  избрани во неколку категории, претприемништво, увоз –  извоз, грижа за потрошувачите, иновации, корпоративна одржливост, работодавач на годината и бизнис на годината.

Европските бизнис награди се спроведуваат по осми пат, а оваа година учествуваа над 24 илјади бизниси од 33 европски земји.

Наградите им помагаат на компаниите да добијат поголема видливост на меѓународниот пазар, но и да направат нови бизнис контакти. Носат и инвеститори и луѓе кои се заинтересирани да работат со  победниците. Преку програмата, учесниците самите се оценуваат и сфаќаат кои се нивните предности и што ги прави успешни, а на што треба да работат во иднина. 

Loading