УШТЕ ЕДНА НАГРАДА ЗА ТОНИ ПАВЛЕСКИ

Poezija za vrv - Toni PavleskiХаику поетот Тони Павлески се закити со награда на меѓународниот конкурс за прв електронски зборник за поезија, проза и афоризам, организиран од клубот “Симбиоза” од Куманово. Нашиот поет во конкуренција од 57 учесници од Македонија, Србија, Хрватска, БиХ, Австрија, Германија, Бугарија, ја доби првата награда за творбата под наслов “Живот”. Тој ја освои и втората награда за афоризам.

– Посветеноста на поезијата секогаш дава успех, оти ја создавам од срце – вели Павлески, надевајќи се дека ќе ги објави сите наградени творби во збирка поезија.

Loading