ПРОМОВИРАНИ ДВЕ КНИГИ ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА АНТИЌ

“Македонистиката во странската славистика” и “По стапките на христијанството во Македонија” од д-р Вера Стојчевска – Антиќ беа промовирани во Библиотеката за месецот на книгата. За творештвото на врвниот научник во областа на славистиката, зборуваа Виолета Крстеска – научен советник од Институтот за старословенска култура и директорот Петар Петрески, кои рекоа дека станува збор за значајни истражувачки трудови.

За Петрески, книгата “По стапките на христијанството” се одликува со јасен, прецизен исказ на прикажување на женските манастири во скопската епархија.

Промоцијата ја организира Друштвото за наука и уметност, кое пак синоќа го  реализираше предавањето “Самоил во македонската историја”, на кое зборуваше д-р Милан Бошкоски.

Сите активности се во рамките на одбележувањето на 1000 години од постоењето на Градот. 

Loading