ТЕЖОК МЕЧ

Кошарка

Добро е што и есенва постои кошаркарски тим од градов, Марфил спорт, а понатаму секој позитивен резултат е добредојден. Младата екипа на Сашо Костоски трипати одигра солидно, но доживеа порази, дома 65-79 од скопски Пантери, на гости 72-60 од Академија ФМП и 68-65 од Пробаскет во Пробиштип. Викендов претстои тежок меч дома со скопски Ангели, на кој мотивираноста ќе биде најголема. Доколку се даде борбена игра сé е можно, така што не е исклучен подвиг за првиот успех на Марфил спорт.

Табела: Пантери и Ангели по 7, Академија ФМП 6, Вардар и Пробаскет по 5, Марфил спорт и Феникс по 3 бода.

Loading