КАЗНИ ЗА НЕДИСЦИПЛИНА

Општинска

Во општинските лиги главно се игра во рамките на дозволеното, а сепак има исклучоци. Во 10. коло, во Лажани, поради инцидент во 86. минута, при резултат 1-1, беше прекинат мечот од А лигата меѓу Братство Житоше и Младост Кривогаштани. Повикувајќи се на прописите, во ОФС одредија мерки. Домашниот клуб Братство поради слаба организација и влегување на неслужбени лица во игралиштето, е казнет со два меча неиграње дома. Тренерот Муриќ поради навреди и закани кон судијата нема да ја води екипата еден месец. Попуст нема ни за недисциплинираните играчи. По четири меча пауза ќе имаат Алиоски, Тариќ (Братство) и Папучкоски (Младост), а два меча нема да игра Николоски (Братство).

Есенва остануваат уште две кола, а на табелата води Илинден. 

Loading