ЛИГА БЕЗ КОМЕСАР

Пинг – понг

Којзнае како ќе продолжи пингпонгарската лиги по оставката на Ивица Гласновиќ, досегашен комесар. Повлекувањето го образложи со здравствени причини. Станува збор за значајна функција и без неа не може да се замисли ниедно натпреварување. Како натаму, треба да каже Пингпонгарската федерација. Во Супер лигата останува уште едно есенско коло. Во претпоследното, Младост изненади со убедлива победа од 5-2 над Влае во Скопје. Двата бода се поттик за екипата Јованоски – Јочкоски – Тошески. Следното коло е мечот дома со Струга.

Поради оставката на комесарот немаме преглед на табелата во Супер лигата. 

Loading