ЕВРОПСКИ ЧЕЛЕНЏ КУП

Горан Кузманоски

Горан Кузманоски продолжува со предизвиците во дресот на Одорхеи, клуб на унгарското малцинство во Романија. Викендов е новото претставување во Европа, во Челенџ купот. Во рамките на 3. коло Одорхеи игра дома со англискиот Кембриџ. Англичаните се аутсајдери и се очекува сигурна победа на тимот на Кузманоски. Во истата сала е и реваншот. Пролетоска во истиот куп Одорхеи имаше успех со пласман во четвртфиналето.

Во домашното првенство клубот го дели второто место на две кола до крајот на есенскиот дел.

Loading