ВЕШТИ И КОМПЕТЕНТНИ ВО ЕКО ИНОВАЦИИ

СОУ “Кузман Јосифоски – Питу”

Biznis uka od prva rakaОколу педестина ученици од СОУ “Кузман Јосифоски – Питу” остварија средба на тема “ЕКО иновации” со директорот од ЈКП Комуналец, Златко Ристески. Како претставник од бизнис секторот, тој ги запозна учениците со добрите практики и искуства од областа на претприемништвото и иновациите. Со непосредната средба, учениците имаа можност да креираат слика за работната средина, за бизнис климата, да добијат одговори на своите прашања, па можеби и да реализираат некој сопствен бизнис во иднина, охрабрени од успешната приказна, презентирана од гостинот.

Тематската средба, конципирана како интерактивен настан, е во рамките на проектот “Вешти и компетентни”, кој се спроведува во средните училишта.

Loading