НАДЕЖНИ БОРАЧИ

ОУ “Блаже Конески”

Talentirani deca za borenjeШесттоодделенци и седмоодделенци од ОУ “Блаже Конески” учествуваа во градското училишно првенство во борење во повеќе тежински категории во слободен стил во машка, а за прв пат и во женска конкуренција. Натпреварот го организира клубот “7 Мај – Леов” за празникот на ослободувањето на градов.

Учениците од 6-то одделение ги постигнаа следните резултати: Виктор Лазарески прв до 30 кг, Владимир Лазарески втор до 30 кг, Николче Стојаноски трет до 35 кг, Петар Кочомилески трет до 63 кг. и Александар Трајковски четврт до 63 кг. Од 7-мо одделение, Марија Томеска прва до 47 кг, Божидар Пирганоски втор  до 54 кг, Менде Николоски прв до 74 кг, Антонио Црвенкоски прв до 46 кг, Слободан Јанески трет до 59 кг, Николче Димкоски четврт до 74 кг, Денис Ботески четврт до 30 кг, Дејан Мирчески четврт до 50 кг, Михаел Костадиноски четврт до 50 кг. и Давид Јорданоски четврт до 74 кг.

Учениците ги подготвуваа наставниците по физичко и здравствено образование, Тања Јованоска и Тони Николоски.

Loading