ВЕНЦИ НА ГЕРМАНСКИТЕ ГРОБИШТА

Slava na padnatite vojniciСе одбележа 96 годишнината од денот на помирувањето меѓу Германија и Франција на германските гробишта, каде се наоѓаат моштите на над две илјади војници од Првата Светска Војна. Амбасадорот на Франција Лоренс Оер, говорејќи на германски јазик, рече дека тука почиваат германски, бугарски и руски војници.

– Се свртуваме кон младите да им оддадат почит на воените и цивилните жртви на сите завојувани страни и да ја исполнат нивната должност и сеќавање. Ги надминуваме сите крвави судири подавајќи си рака едни на други за заедничка иднина на заедничката церемонија за сеќавање на мртвите, ранетите исчезнатите и раселените – рече Оер.   

Цвеќе на споменикот кој го симболизира мирот положија делегација на собранието на Македонија, министерот за одбрана Зоран Јолевски, градоначалникот Марјан Ристески и дипломатскиот кор.

Руската дипломатска делегација со колегите го закити со цвеќе и споменикот на паднатите руски војници.                                            

Loading