ИДНАТА НЕДЕЛА ДОПЛАТА НА СУБВЕНЦИИТЕ?

Се очекува на почетокот на идната недела да се доисплатат субвенциите за ланската реколта на тутунот. Од Министерството за земјоделство велат парите се обезбедени.

Деветте откупни фирми се подготвуваат да ги отворат вратите за годинешната откупна кампања на тутунот најдоцна до 15 декември. Во тек е заверката на мострите за проценка. Тутунскиот комбинат ќе откупи три илјади тони тутун, а парите се веќе обезбедени во најголем дел преку стратегиското партнерство со Филип Морис.

Данчо Милески, од Сојузот на тутунските здруженија, очекува поголем род од количествата што тутунарите ги склучиле со договорите со откупните компании.

– Откупувачите ќе се преиспитаат. Мислам дека пазарот уште побарува ориентален тутун. Годинава би требало да им се излезе во пресрет на тутунарите, бидејќи се најавува влегување во откупот уште на две-три странски фирми, кои се живо заинтересирани за нашиот тутун – вели Милески.

Послаба е квалитетот годинава, но има квантитет. Се очекуваат пет илјади тони тутун повеќе, наместо проектираните околу 25 илјади тони за откуп. Околу 40 илјади тутунопроизводствени семејства во земјава произведоа околу 30 илјади тони тутун.

Loading