РЕКОНСТРУКЦИЈА ЗА СПАС ОД ПОПЛАВИ

Обнова на каналот  Маркови Кули

Domasni i stranski pari protiv poplaviЗа да се намалат ризиците од поплави почна реконструкцијата со покривање на граничниот канал Маркови Кули во должина од 1300 метри. Со 110 илјади долари до април идната година ќе се враќа каналот во функција за собирање на атмосферските води при невреме. Проектот предвидува целосна санација и покривање на одредени места на каналот под Марковите кули на крајот од населбата Тризла.

Инаку, поради лошата состојба на збирниот канал, повремено водата предизвикува излевање и поплави во Тризла, иако редовно се одржува. Со 30 отсто во инвестицијата на зафатот за рехабилитација учествува УНДП, а остатокот ги обезбедуваат локалната самоуправа и ЈП Водовод и канализација.

Loading