СУПЕР МАРИО ПАК КАЈ СТАРИТЕ

Точно сто семејства на стари лица ќе ја користат помошта на волонтер во рамките на проектот наречен Супер Марио на локалната самоуправа и Домот за стари лица. Градоначалникот Марјан Ристески и директорот на Домот, Дарко Рибароски потпишаа договор за продолжување на проектот уште за 12 месеци, во кој локалните власти учествуваат со 1,2 милиони денари.

Станува збор за обезбедување на поквалитетни услови за живот во домашни услови на луѓе од третото доба, на возраст над 65 години. Ним, една година ќе им одат во посета 15 волонтери за да им помагаат во олеснување на основните животни потреби за набавка на храна, лекови и одржување на хигиената. 

Loading