ПОГЛЕД ОДОЗГОРА

Фудбал

Golgeter na Pobeda - Nikola SarkoskiПобеда не блескаше на последниот есенски меч дома, но одигра доволно добро за со 1-0, со голот на Игор Мирчески да ја совлада Бабуна. Табелата е со посакуваниот изглед. Фаворитот очекувано е на врвот со ист број бодови како неготински Вардар, а со шест предност пред Превалец. Предноста е во двете победи на гости со конкурентите, кои напролет гостуваат во Прилеп. Екипата со тренерот Златко Петрески продолжува со тренинзи до крајот на месецот. Клубот ќе има анализа на полусезоната во која се постигнати 10 победи и еден пораз. Тимот прими најмалку голови (8) и даде најмногу (44) во Лигата. Меѓу стативите се менуваа голманите Јованоски и Сркески, а најдобри стрелци беа со 9 гола Јанкоски, со 10 Шаркоски.

Табела: Победа и Вардар по 30, Превалец 24, Партизан 19, Ц. Ѕвезда, Борец, 11 Октомври и Големо Коњари по 13.

Loading