ОФС ПРИЛЕП ВО ПОЛУФИНАЛЕ

Репрезентација

Воведено е пилот – натпреварување на селекции од општинските фудбалски сојузи. Во рамките на Третата лига – Југ ОФС Прилеп постигна две победи, во 1. коло со 7-1 над ОФС Велес, во средата на продолжение со два гола на Р. Бошкоски (Кадица) со 2-1 над ОФС Гевгелија. Напролет е полуфиналето за влез во финалниот меч за шампиони на државно ниво. Селекторот Муриќ и тренерот Мишески имаат 18 играчи од 10 клуба во селекцијата на ОФС Прилеп.

Претходно заврши есенскиот дел во Б-Лигата, каде по 21 бод собраа Црнилиште, Гарван и Пелагонија, а на три кола до крајот со 21 бод Илинден води во А-Лигата. 

Loading