НЕМА – НЕ ЗНАМ, НЕ МОЖАМ

Даниела Иваноска со награда за епизодна улога од фестивалот на глумци во Никшиќ

Niksickata nagrada  za Daniela Ivanoska za odlicno odigranata uloga na AltanaДаниела Иваноска за добро одиграната ролја на Алтана во претставата “Буре барут” на фестивалот за глумци во Никшиќ се закити со наградата за епизодна женска улога. Признанието ќе í биде врачено на една од следните претстави.

Иваноска бескрајно е среќна, како дете што се радува на новата играчка, кога рипа на кревет, кога шлапка со патиките во вирче со вода…

– Треба да дадеш за да добиеш. Треба да веруваш за да создадеш, да сонуваш за да променеш… Јас и театарот уште добро функционираме во нашата несебична љубов – додава актерката.

Според неа Алтана се роди, создаде од еден машки лик, Андреј….

– И Алтана стана жена со сопствен интегритет, која љуби, греши, плаче, гори… – истакнува Иваноска, потенцирајќи дека за да се има успех треба да се верува, да се сака, да се радува, да се игра и дека таа  во својот речник ги има избришано фразите – не можам и не знам!

Иваноска е дипломиран актер и има стекнато диплома од областа на книжевноста. Тоа влијае при креирањето на ликовите.

– Колку повеќе искуства, образование, случки, патувања, средби, мигови,…, толку побогат е животот на актерот. А со тоа и на ликовите што ги создава – објаснува  таа.

За неа, актер е да се живее, да се сонува, да се создава, да се сочувствува, да се смее. Сé она што секој треба да го има во животот…, полна душа, очи полни и радосни насмевки во недоглед!

Loading